Девет лица хоспитализирани, над 150 евакуирани по голем пожар во станбена зграда во романскиот град Констанца
Девет лица, меѓу кои и четири деца, се хоспитализирани синоќа во Окружната болница во романскиот град Констанца на Црното Море откако пожар зафати станбена зграда во населбата Анри Коанда.

64-годишен маж е во критична состојба со речиси 80 проценти изгореници на телото, соопшти Окружниот инспекторат на Констанца. Друг 58-годишен маж има изгореници на околу шест проценти од телото.
Шест лица, меѓу кои и една жена, имаат изгореници на рацете и вдишале чад. Тие примиле кислородна терапија, а три од нив одбиле хоспитализација.
Четири деца, на возраст меѓу 10 и 17 години, вдишале чад и се хоспитализирани на набљудување.
Градското собрание на Констанца објави дека вкупно 157 лица се евакуирани поради пожарот во станбената зграда.
На местото на настанот се испратени бројни екипи од Противпожарната служба, Мобилната служба за итни случаи и Инспекторатот за итни случаи. Пожарот е изгаснат.






