Дијалог во Брисел: Неуспехот не е изненадување

Сѐ уште нема приближување на ставовите на Србија и на Косово, дијалогот со посредство на ЕУ останува неуспешен. Тоа не е изненадување, оценува во својот извештај од Брисел германскиот јавен сервис АРД.,

„Мала, оскудно опремена конференциска сала, вода, лимонада и неколку лепчиња на масата. Поедноставно не може. А, може и вака да се каже: мрачната рамка за кризниот состанок е во согласност со нејзиниот слаб резултат.“

Така известувачот за германскиот јавен сервис АРД ја опиша првата рунда од дијалогот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Албин Курти, во Брисел, со посредство на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, и специјалниот пратеник, Мирослав Лајчак.

Првиот човек на дипломатијата на ЕУ, Жозееп Борел ветува истрајност во посредувањето во дијалогот Белград-ПриштинаПрвиот човек на дипломатијата на ЕУ, Жозееп Борел ветува истрајност во посредувањето во дијалогот Белград-Приштина

„За жал, денеска не постигнавме договор, многу ми е жал“, изјави Борел синоќа по состанокот.

Улогата на НАТО

„Тоа не е изненадување“, оценува АРД и потсетува дека Белград и Приштина меѓусебно се обвинуваат за провокации и сметаат дека другиот е одговорен за неодамнешните тензии. „Атмосферата на почетокот на состанокот беше согласно со тоа – ладна. Србинот Александар Вучиќ и неговиот косовски колега Албин Курти седеа еден спроти друг не гледаајќи се во лице, туку ги прелистуваа документите пред себе – барем додека во салата беа камерите.“

АРД ја објаснува позадината на конфликтот, како и случувањата од први август и потсетува дека, под притисок на САД и на ЕУ, „контроверзните планови“ се одложени за еден месец.

Експлозивната ситуација на северот на Косово го привлекува вниманието и на НАТО, пренесува АРД и потсетува дека генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, најави дека меѓународните безбедносни сили КФОР ќе интервенираат доколку бидат загрозени мирот и стабилноста во регионот.

„Сѐ уште има време до 1 септември. Не се откажувам“, рече вчера во Брисел шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. „Двајцата лидери се согласија оти процесот треба да продолжи и да се продолжи со разговорите во наредните денови.“

Back to top button
Close