ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo

Државната изборна комисија вечерва отфрли четири приговори поднесени од граѓани за заштита на лично избирачко правo, а прифати еден.

Отфрлени како неосновани беа приговорите на Аријета Селими од Сарај, на Бесар Селими од Сарај, на Ќеримка Селимовска од Сарај и на Егзон Исмаили од Сарај бидејќи по проверката било утврдено дека сите овие лица се запишани во избирачкиот список.

Членовите на ДИК едногласно го прифатија приговорот од Хазред Бизари од Струга, кој поднел приговор за заштита на лично избирачко право и лични документи, а по проверката било утврдено дека лицето го нема во избирачкиот список, а исполнува услови.

Ова лице утре ќе гласа на избирачко место број 1899 во општина Струга.

Претседателот на ДИК Борис Кондарко рече дека овие лица на кои ќе им биде прифатен приговор со себе задолжително да го носат решението на избирачко место за да им биде овозможено да гласаат.

Членовите на ДИК на седницата едногласно одобрија уште едно барање за издавање акредитација за набљудување на изборите за еден меѓународен набљудувач од организацијата „Београдски форум за свет рамноправних“.

Back to top button
Close