
Иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ) соопшти дека испалил четири балистички ракети кон американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“, објавија иранските државни медиуми. Ова не е независно потврдено.
„Абрахам Линколн“ е петтиот носач на авиони од класата „Нимиц“ во американската морнарица. Опремен е со најновите ловци „Стелт“ Ф-35, кои можат да ги избегнат непријателските радари.
Ударната група на носачот вклучува и три разорувачи вооружени со крстосувачки ракети „Томахавк“ за копнени напади и подморница на нуклеарен погон која обично ја придружува групата и користи исто оружје.
Според сателитските снимки потврдени од „Би-би-си верифи“, бродот бил забележан во водите покрај брегот на Оман на 15 февруари. САД сè уште не ги коментирале тврдењата на Иран.