ДИК по преброени 99,6 отсто од гласовите: ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички мандати, ДУИ 19, а СДСМ 18

ВМРО – ДПМНЕ освои 58 мандати во новиот собраниски состав. Тоа го покажуваат последните објавени резултати на ДИК по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачки места.

Зад неа е Коалицијата предводена од ДУИ, Европски фронт со освоени 19 мандати.

СДСМ по овие избори стана трета политичка сила со освоени 18 мандати во идниот собраниски состав.

Коалицијата Вреди освои 13, „Левица“ шест и партијата ЗНАМ шест пратенички мандати

Back to top button
Close