Димитријевиќ: Секој почеток е важен, подготвени сме за Данска

 Ненад Димитријевиќ ги заврши сите формалности околу преселбата од Валенсија во Казан, и иако со мало задоцнување, му се стави на располагање на новиот стручен штаб на македонската ререзентација, предводен од Александар Јончевски.

Според македонскиот плејмејкер, многу е важно нашите кошаркари да остварат победа над Данска во првиот натпревар од вториот круг на претквалификациите за Евробаскетот 2025.

– Важен е почетокот и многу ни е важно да почнеме добро. Знаеме дека Данска е сериозен противник, одиме на гости, но мислам дека ќе бидеме подготвени за предизвикот. Имаме една добра група, тренираме заедно и верувам дека ќе се подготвиме добро за предизвиците. Добро сме подготвени за првиот натпревар, и мора да продолжиме по истиот пат. Тоа е, напорно да работиме и треба да имаме целосен фокус на Данска, а дури потоа на сите останати, изјави Димитријевиќ за сајтот на КФСМ.

Дуелот со Данска е закажан за утревечер од 19 часот, во Нествед.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close