Димитриевски ја поздрави одлуката на Уставен суд за балансерот

Кумановскиот градоначалник и претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска од Куманово изјави дека сите треба да се заложат за квалитет при вработување, да им се даде можност за вработување на најквалитетните без разлика на која етничка заедница ѝ припаѓаат.

Одговарајќи на новинарски прашања по завршување на централната манифестација на Спомен костурницата, Димитриевски нагласи дека не може да ја коментира одлука на Уставниот суд.

-Сите граѓани мора да имаат еднакви права и етничкиот предзнак не треба да биде привилегија на некои во делот на вработување, освен да се залагаме за политички квантитет, треба суштински да се заложиме за добиеме квалитет и да им дадеме шанса на најквалитетните без разлика кој од која етничка заедница доаѓа или пак од македонскиот народ. По основ на „балансерот“, Уставниот суд си го кажа своето и јас тука не можам ништо да коментирам, како и да е ја поздравувам таа одлука – изјави Димитриевски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close