Димитриевски бара извинување

Фејсбук статус на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски:

Почитувани,

Сега добив информација од сајтот на Јавното обвинителство дека кривичната пријава против мене и членот на ОШЗС г-дин Стојановски е ОТФРЛЕНА.

Верував и сеуште верувам во институциите и непристрасните професионалци во системот.

Убеден сум дека вистината за овој монтиран случај излезе на виделина.

Ќе ги превземам сите активности предвидени со закон да се лоцираат одговорните лица во постапката кои од нив познати мотиви ги злоупотребија сопствените службени овластувања и креираа случај за наводно сторено кривично дело кое имаше за цел јавно да ме девалвира и дискредитира и да ја искриви вистината.

За жал оваа не е прв случај во кој МВР и други државни институции се користат за политички пресметки, вршење на притисок и раскусурувања со неистомисленици, такви случаи имало и во минатото.

Предходно кажав дека нема да се обесхрабрам туку дополнително ќе се мотивирам во борбата за вистината и правдата, да им служам на моите граѓани во процесот на развојот на Куманово и европска и просперитетна Македонија.

– Сеуште го очекувам извештајот од инспекцискиот надзор на ДСЗИ кој до ден денешен остана тајна и за мене и за јавноста (по одлукава на обвинителството извештајот е беспредметен).

Во следниот период ќе излезам со дополнителни правни дејствија кои ќе бидат превземени од мојот адвокатски тим а до тогаш останувам посветен на борбата против Ковид епидемијата и развојот на Општина Куманово како мој врвен приоритет.

– Во минатото во неколку наврати бев предмет на оградување и прозван од раководството на мојата партија СДСМ, несакајќи да нарушам ничиј авторитет и да наштетам на сопствената партија тогаш премолчав но верував во вистината.

Тие избрзани и несреќни изјави се минато но најмалку што очекувам е извинување и подршка за расчистување на случајот до крај.

Борбата продолжува…

#ДаЖивееСДСМ
#ДаЖивееМакедонија

Back to top button
Close