Димитриевски ке ја добиел пак градоначалничката битка а после ќе ја спасувал партијата од сегашното раководство

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во вечерашното соочување на телевизија Телма на прашањето дали очекува и дали ќе прифати поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за вториот изборен круг, рече дека секоја поддршка е добредојдена.

-Максим се уште е член на СДСМ. Бараме поддршка од сите, не сме разговарале со никој. Секоја поддршка е добредојдена, и од било која партија, и од македонскиот и од албанскиот блок. Нас ни се важни граѓаните, не политичките субјекти. Очекувам поддршка затоа што јас сум најдоброто решение на Куманово. Димитриевски е член на една политичка партија, и немам потреба да застанувам на ничиј митинг. Ќе направам се мојата партија да се реформира и да ја вратам партијата каде што треба. Но, она што денеска наликува раководството на мојата партија наликува на она против кое се боревме, вели Димитриевски.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close