Димитров на видео конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива

– Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре ќе учествува на видео-конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива и министерскиот состанок на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR).

Како што соопшти МНР, видео-конференцијата ќе се фокусира на потребата од преземање на неопходни мерки преку регионална солидарност со цел ублажување на импликациите што пандемијата од КОВИД-19 ги има, пред се, врз здравјето, но и врз социо-економскиот живот на граѓаните во земјите членки на иницијативата. За време на дискусиите министрите ќе разговараат за тековната и идна фаза од справувањето со последиците и предизвиците од пандемијата на коронавирусот.

Северна Македонија првпат ќе учествува на министерскиот состанок, откако на 2 април 2020 година официјално стана деветтата земја членка на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR). Оваа година, организатор на редовниот министерски состанок е Србија, како претседавач со иницијативата.

Back to top button
Close