Директорката на СТО бара да се укинат трговските бариери воведени поради пандемијата

– Директоротката на Светската трговска организација (СТО), Нгози Оконџо-Ивеала, денеска изјави дека се во пораст трговските бариери поставени поради Ковид-19 и побара од државите да ги укинат.

– Неопходно е да се отстранат овие ограничувачки мерки за да можат медицинските материјали, стоки и вакцините да се движат побрзо, рече Окоњо-Ивеала.

– Трендот оди во погрешна насока, рече Оконџо-Ивеала на виртуелниот форум на Обединетите нации, посочувајќи на пречките за трговија со стоки поврзани со пандемијата. Според неа, на почетокот на пандемијата минатата година имало 109 забрани, потоа тие паднале на 51, но повторно се зголемени на 53.

Една таква мерка е шемата на Европската унија за извоз на вакцини против Ковид-19, која треба да истече на 30 јуни. Окоњо-Ивеала претходно изјави дека е „разочарана“ од шемата, иако Комисијата рече дека таа е насочена, пропорционална и привремена.

Back to top button
Close