Директорот на Детска клиника му даде канцеларија на братучедот консултант – инаку тужен да врати пари од истата Клиника!

Директорот на Клиниката за детски болести доктор Реџеп Мемеди, на 16 август го ангажирал како консултант на Клиниката неговиот братучед Алајдин Мемеди, инаку разрешен економски директор на истата клиника. Оваа информација ја потврдуваат од Детската Клиника без да прецизираат каков консултант е Алајдин Мемеди, односно од која област, пишува Слободен печат

Сепак за новиот консултант се знае дека е поранешен економски директор на Клиниката за детски болести и дека беше разрешен во ноември 2022 година поради утврдени нерегуларности по извршена контрола на работењето на оваа Клиника спроведена од Фондот за здравствено осигурување. Деновиве имало и раскинување на договорот за дело на млад административен работник, а на негово место дошла замена од стара постава на Клиниката.

Покрај тоа, него Детската клиника го тужи, за да врати 2.300 евра во болничката каса, бидејќи додека бил економски директор платата во дел од периодот му била исплаќана со повисок коефициент од законски утврдениот.

Повеќе

Back to top button
Close