Директорот на М-НАВ- Контролорите имаат деликатна работа. Пари за плата не земаме од буџет туку од Јуроконтрол

Директорот на М-Нав, Фахрудин Хамиди на денешниот брифинг, осврнувајќи се на аферата „Паразити“ што ја објави опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а се однесува на платите на вработените во акционерското друштво, нагласи дека не користат пари од Буџетот ниту за плати, ниту за капитални инвестиции и истакна дека платите се оформени според комплексноста на дејноста, како и за да се спречи „одлив на мозоци“. М-НАВ се финансира од средства што ги добива од Јуроконтрол.

 

Контролорската работа е многу деликатна. За да се создаде еден кадар како контролор на летање потребни се повеќе од три до пет години и потрошени се за еден контролор на летање севкупно 100 до 150 илјади евра и тој кадар е секогаш на мета, за жал и во државата се случуваат такви работи и во другите професии, за одлив на кадар. Затоа сме приморани и со задоволство тоа го правиме согласно сите стандарди со Јуроконтрол и согласно колективен договор, потпишан со сите три синдикални организации во М-НАВ, минималната сума од прилив што ги добиваме поради прелетите и терминалните услуги во М-НАВ да ги даваме минимум 68 отсто од целата таа пита за плати, рече Хамиди

фото фокус

Back to top button
Close