Директорот на „Шарли Ебдо девет години подоцна: Се уште не ги залечивме раните од нападот

„Девет години по нападот на 7 јануари 2015 година, тој сè уште е присутен (во нашите умови). Раните не се лекуваат и навистина нема вистински лек. Порано мислев дека некои работи ќе избледат со текот на времето. Всушност, тоа не е така, сè уште е присутно. Така е и со сите луѓе кои се жртви на тероризам и насилство“,изјави Рис за Франс Инфо.

Во тој напад врз редакцијата беа убиени 12 лица, вклучувајќи добро познати новинари и карикатуристи. После тоа, во Европа се формираше солидарно движење за слобода на изразување, со собири на кои насобраните носеа транспаренти „Je suis Charlie“ (И јас сум Шарли).

На 7 јануари 2015 година, браќата Шериф и Саид Куаши упаднаа во редакцијата на сатиричниот весник во Париз, каде убија 12 познати новинари и карикатуристи, извикувајќи дека „го одмаздиле пророкот (Мухамед)“.

Претходно весникот, кој нема „влакна на јазикот“ тврдејќи дека „ништо не му е свето“ и дека сè може да биде предмет на сатира, објави карикатура на пророкот Мухамед.

Меѓу жртвите на нападот беа и познатите карикатуристи кои ги носеа прекарите Каби, Волински, Оноре и Тиња, како и поранешниот директор на редакцијата на весникот, Бернард Марис.

Редакцијата на весникот оттогаш е преместена на непозната локација која наликува на, како што велат самите новинари, бункер, со вооружено обезбедување и решетки на прозорците.

Рис денеска за француските медиуми изјави дека борбата против исламистичката идеологија се уште е присутна.

Back to top button
Close