До 11 часот за претседател гласале 12,87 %, а за пратеници 13,96 %

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста на изборите до 11 часот.

Во однос на излезноста за претседателски избори – од добиени податоци од 2080 избирачки места каде се запишани 1.962.019 гласачи, гласале 141.087 гласачи, односно 12,87 проценти.

Најголема излезност има во Пробиштип – 27,85 проценти, а најмала во Липково 1,76 отсто и во други места.

-Во источна и централна Македонија многу повеќе гласачи гласале за претседателските избори, отколку во западна Македонија каде што процентот е многу низок, истакна претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Во однос на парламентарните избори пак – од добиени податоци од 1976 избирачки места каде се запишани 1.030.092 гласачи, гласале 140.990 гласачи, односно 13,96 проценти.

Најголема излезност има во Кривогаштани – 28,38 проценти, а најмала во Врапчиште 5,5 отсто.

Споредено со парламентарните избори во 2020 година има зголемување на излезност од 2,69 отсто.

До ДИК до овој момент се доставени вкупно 164 приговори за заштита на лично избирачко право, а 50 се усвоени. Седум приговори се отфрлени како неуредни, а девет се одбиени. Останатите се во обработка, објасни Даштевски

Back to top button
Close