Дојави за бомби и во ТЦ Бисер , ПС Центар и ТЦ Ист Гејт

Денеска околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа, информираа од МВР.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар (Железничка станица), Флатрон и ПС Центар. И во овие објекти се врши евакуација.

Back to top button
Close