Дојави за бомби во 15 училишта во Скопје

Дојави за поставени експлозивни направи изутринава пристигнале на електронските адреси на 15 училишта во Скопје. Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на објектите.

– Денеска (14.12.2022) околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од МВР.

Освен анонмимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта на почетокот на неделава имаше закани за бомби и во институции и трговски центри

Back to top button
Close