Додека умирала, Наташа му се јавила на сопругот дека децата им се убиени – нови детали од Цетиње

Како што се дознава, медицинската сестра во Општата болница „Данило Први“ во Цетиње, Наташа Пајовиќ Мартиновиќ, која беше убиена за време на крвавиот поход на Бориловиќ, успеала телефонски да му се јави на својот сопруг Милош Мартиновиќ пред да им подлегне на повредите и да му соопшти дека двајцата нивни синови се убиени.

Изненаден од оваа страшна вест, Милош му се јавил на Бориловиќ, сопственикот на станот каде што биле потстанари.

„Го убив твоето и моето семејство“, одговорил Бориловиќ, вооружен со ловечки карабин и со два реденика куршуми,па отишол во куќите на своите соседи, убивајќи ги без милост…

Според првичните податоци на истрагата, вчера во 15 часот и 30 минути, разбеснетиот Бориловиќ дошол на катот од куќата во која како станари живееле Мартиновиќи. Дома биле само децата и нивната мајка.

Сопругот на Наташа и татко на децата на возраст од 8 и 11 години, во тој момент не бил дома. Наводно, до расправијата дошла за киријата – како и што точно, никој не знае.

Избезумен, Бориловиќ земал оружје и пукал – прво во децата, кои се обиделе да се сокријат зад вратата, а потоа и кон Наташа. Децата починале на лице место, а несреќната жена им подлегнала на повредите во болница

 

 

Back to top button
Close