Доделување социјални станови на 28 семејства во Гевгелија
Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на настан по повод доделување на социјални станови на 28 семејства во Гевгелија.
Како што соопшти прес – службата на Владата, на настанот ќе присуствуваат и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев.