Додик: РС добива четири, а ФБиХ шест министерства во новиот Совет на министри на БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска оцени дека Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), ХДЗ БиХ и пробосанската партија „Осморка” со потпишување договор за формирање влада на државно ниво, покажа дека може да се постигне договор доколку сите го почитуваат уставниот поредок.

„Се водевме по тоа и сега можеме да одиме понатаму во формирањето на владата”, напиша Додик на Инстаграм.

Додик изјави дека коалицијата од Република Српска, предводена од СНСД, ќе има четири министерски места во новиот совет на министри, а Федерацијата Босна и Херцеговина ќе има шест.

Тој ја поздрави одлуката на Брисел да и додели кандидатски статус на БиХ, најавувајќи дека ќе им предложи на сите политички актери во БиХ и на ентитетите да побараат од ЕУ финансиска поддршка од 20 милијарди евра до 2027 година

Back to top button
Close