Договорот на Гакпо со Ливерпул ќе биде на шест години

epa10336560 Cody Gakpo of the Netherlands celebrates after scoring the 1-0 goal during the FIFA World Cup 2022 group A soccer match between the Netherlands and Qatar at Al Bayt Stadium in Al Khor, Qatar, 29 November 2022. EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Напаѓачот Коди Гакпо има шестгодишен договор со Ливерпул, тврди новинарот Фабрицио Романо.

Според добриот познавач на случувањата во европскиот фудбал, сите точки од договорот на „црвените“ со 23-годишниот Холанѓанец веќе се договорени.

Претходно клубот од Ајндховен го објави трансферот на 23-годишниот Холанѓанец во Ливерпул.

„The ​​Athletic“ објави дека сумата за трансфер ќе биде 45 милиони евра.

Оваа сезона 23-годишниот крилен напаѓач забележа 14 настапи во холандската лига и постигна девет гола плус 12 асистенции.

На Светското првенство 2022, напаѓачот одигра пет натпревари за својата репрезентација и постигна три гола

Back to top button
Close