Доколку пресудата против Додик стане правосилна, тој повеќе нема да може да извршува ниту една јавна функција
Ако Апелацискиот совет на Судот на БиХ ја потврди првостепената пресуда со која претседателот на Република Српска, Милорад Додик беше денеска осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење на функцијата претседател, тој според законите на БиХ нема да може да се кандидира за ниту една јавна функција.
Според Кривичниот закон на БиХ и Изборниот закон функционер осуден на затворска казна над шест месеци не може да биде кандидат за ниту една јавна функција.
Судот на БиХ му забрани на Додик да ја извршува функцијата претседател на Република Српска на шест години, а оваа забрана ќе стане правосилна доколку ја потврди Апелацискиот совет на Судот на БиХ.
Според Кривичниот законик на БиХ, казната затвор до една година може да се „откупи“ за 36.000 конвертибилни марки (18.400 евра