Доколку со новите мерки не се намали цената на производите, Владата ќе спроведе други механизми

Aко во случај инпутот на електрична енергија што е во формирање на финалната цена не се рефлектира и во намалување на цена на производите, тогаш има и други механизми, односоно замрзнување на цените онаму каде што ќе се утврди дека инпутот со електричната енергија не се калкулира во финалната цена на производите, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

Тој очекува утре или задутре на седница на Собранието да биде усвоен Законот за потрошувачи, преку кој ќе се контролира цената на производите.

– Во Законот има одредени мерки со кои Државниот пазарен инспекторат може да постапи и ние кажавме дека нема да дозволиме никој да прави профитерство во време на криза, додаде министерот.

Back to top button
Close