Доктор од Вевчани работел повеќе од две години без продолжена лиценца во охридската болница
Доктор од струшко Вевчани повеќе од две години работел во охридската болница, без да ја продолжи лекарската лиценца за работа, информираат од СВР Охрид. Против него е поднесена кривична пријава.
„Против М.Р. (44) е поднесена кривична пријава поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело – несовесно работење во службата“ соопшти СВР Охрид.
Докторот бил вработен во ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид и повеќе од две години не ја исполнувал својата законска обрска да ја продолжи лиценцата за работа, која му била со важност од 28.02.2015 до 28.02.2022 година.
„Така, тој продолжил со работа без да поседува лиценца за работа, а истовремено редовно примал плата и други додатоци. Со тоа, тој ја оштетил здравствената установа.“, се додава во соопштението на СВР Охрид