Донаторот Врабевски на БНТ: Ќе им отвориме уште 20 бугарски клуба и ќе се дознае вистината

Финансиерот на бугарските клубови во Битола и Охрид, бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски, гостуваше во емисија на Бугарската национална телевизија БНТ пренесе фокус мк

Европската интеграција е единствената опција за залечување на раните од минатото. Во случајот со Северна Македонија, имаме сличен случај. Мора да продолжиме причините за поврзување да ни бидат доминантни во секојдневниот живот, изјави Врабевски во интервјуото.

 

Околу бугарските клубови, на чие отворање имаше протести од граѓаните, револтирани бидејќи клубовите се именувани според контроверзни историски личности кои се поврзуваат со фашизмот, а во неколку наврати и оштетувања, Врабевски беше прашан како ќе се реши проблемот со насилството.

 

За бугарските клубови во Северна Македонија, ме прашувате која е опцијата за решавање на проблемот со насилството. Многу е едноставно, уште 20 клуба и постепено вистината ќе се разбере, а евроинтеграциите значат пред се вистина. Тоа ќе ве ослободи-изјави тој.

Финансиерот на клубовите беше гостин во емисијата ,,Денот започнува со Ѓорѓи Љубенов”. Темата беше – Нова страница Скопје – Софија – кога? Врабевски зборуваше и за ,,Југословенски модел”, како што кажа најгадниот модел на светот.

-Една територија украдена со многу крв и престапи, отцепена од Бугарија и асимилирана на еден многу грозен начин, Југословенскиот модел, нема погаден модел на светот. Практично, тој модел се уште е на власт и им ги пере мозоците на луѓето – кажува тој во интервјуто.

текст и фото фокус мк

Back to top button
Close