Досега собрани 48.172.115 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани
Досега се собрани 48.172.115 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани и за нивните семејства, информира денеска Црвениот крст на Северна Македонија.
– Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме хуманоста и солидарноста за настраданите од пожарот во Кочани. Упатуваме голема благодарност до сите кои донираа и ве информираме дека сме во фаза на подготовка за првична исплата на собраните средства за најитните потреби наменети за настраданите од пожарот во Кочани, стои во соопштението од Црвениот крст.