Дожд, грмежи и засилен северен ветер во повеќе делови од земјата
Управата за хидрометеоролошки работи најавува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар.

Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина поголема од 50 километри на час.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 18 степени, додека дневната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни. Во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од 15 до 26 степени






