Дожд и повисоки температури до крајот на оваа недела

Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа ќе бидат пообилни.

Пред нас е една типична есенска недела и временски услови кои прилегаат на последниот месец пред календарскиот старт на зимата.

Ниските утрински температури ќе се задржат и во вторник и среда додека веќе од четврток наутро температурите ќе одат и до 5 степени а облаците кои ќе ги покачат температурите ќе донесат дожд за време на викендот. Имајќи предвид дека температурите ќе останат во позитива нема да има услови за снежни врнежи по котлините

Back to top button
Close