Драма во Скопје: Двајца Американци искршиле цела кафеана па се обиделе да го нападнат сопственикот

messenger sharing button

Двајца американски државјани рано утрово биле приведени од полицијата откако почнале да демолираат една кафеана во скопско Козле.
Според информациите, тие се обиделе да го нападнат и сопственикот

„На 06.12.2021 во 02.00 часот на ул.„Миле Поп .Јорданов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Ф.(30) и Е.Џ.Ш.(27), двајцата од САД, затоа што претходно се однесувале агресивно и оштетиле дел од инвентарот во угостителски објект на наведената улица, а се обиделе и физички да го нападнат сопственикот. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. “ – велат од МВР

 

Back to top button
Close