Драма во струшко: Го отворил прозорецот, влегол во училиштето и почнал да крши

Вчера во 14:50 чaсот во ОВР Струга е пријавено дека во основно училиште во струшкото село Велешта, засега непознат сторител насилно го отворил прозорецот, оштетил дел од инвентарот и одзел 400 денари.
ОВР Струга презема мерки за расчистување на настанот, по што против сторителот ќе поднесе соодветна пријава.
Извор: press24.mk






