Драматична акција во Хрватска, потрага по неколку лица исчезнати во реката Сава

Полицијата во Хрватска во текот на ноќта добила телефонски повик дека неколку луѓе се наоѓаат во реката Сава, на подрачјето помеѓу местата Штитар и Бабина Греда.

 

– Полициската управа Вуковар-Срем утрово, 1 април 2026 година, во 01:42 часот добила телефонска пријава дека има неколку лица во реката Сава помеѓу Штитар и Бабина Греда“, стои во соопштението.

За пронаоѓање и спасување на луѓе, на местото на настанот итно беа испратени полициски патроли, полициски чамци и беспилотни летала, а веднаш беа вклучени и Цивилната заштита, Хрватската крајбрежна стража, Полициската станица Жупања и Службата за итна медицинска помош. Пребарувањето и спасувањето на луѓето е во тек – се вели во полициското соопштение

Back to top button
Close