Државата доби тапија за тајниот имот на Груевски

Тајниот имот на екс премиерот Никола Груевски, вреден околу три милиони евра, а кој му беше конфискуван во ,,Плацеви на Водно”, во следниот период ќе добие нов сопственик, пренесе Фокус.

Во моментот го поседува државата, односно завршено е префрлањето на сопственоста, но откако ќе се направи и проценката на вредноста, Агенцијата за управување со одземен имот ќе го огласи за продажба, по што ќе почне наддавањето за луксузните станови и плацеви на Водно. Парите, пак, треба да се слеат во државната каса.

Па така, од само декларираниот бескуќник, поранешниот премиер и се уште актуелен бегалец, државата ќе продаде три луксузни стана на Водно, две атрактивни земјишта на Водно, како и два плаца во викенд населба во Крушево.

повеќе

Back to top button
Close