Дуња Мијатовиќ, ја повика словенечката влада да дозволи повеќе време да се дискутира за новиот закон за медиуми

 Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, ја повика словенечката Влада да дозволи повеќе време да се дискутира за новиот закон за медиуми, јави дописникот на МИА.

-Ја повикувам владата на Република Словенија да гарантира дека има доволно време за значајни консултации за новиот предлог законот за медиуми, претставен минатата недела. Предложените реформи се значајни и бараат да се слушнат и да се земат во предвид ставовите на здруженијата на новинари, медиумите и цивилното општество во Словенија, објави на Твитер, Дуња Мијатовиќ.

Back to top button
Close