ДУИ: Фотографијата од Коцевски и Тошковски како потпишуваат меморандум за соработка е горчлива иронија за правдата

Вчерашната фотографија на Јавниот обвинител Коцевски и министерот за внатрешни работи Тошковски, како потпишуваат меморандум за соработка во борбата против корупцијата, беше горчлива иронија за правдата и симбол на заробена држава.

Наместо тоа ракување, таа сцена требаше да биде истражна постапка во која министерот за внатрешни работи дава отчет за неговата улога во трагедијата во Кочани.

Повеќе од една година, ноќен клуб функционирал без лиценца, со целосно знаење на командниот синџир на локалната полиција.

И покрај внатрешните предупредувања за сериозни прекршувања – вклучително и присуство на малолетници, употреба на дрога и пиротехника – не беше преземено ништо. Таа негрижа доведе до трагична загуба на над 60 животи и повредување на над 200 лица.

Наместо да покаже чувствителност и да преземе одговорност, министерот Тошковски продолжува да ја избегнува секоја морална или правна одговорност. Ова однесување го зацврстува впечатокот за заробена држава, каде што правдата е селективна и политички контролирана.

Бараме обвинителството да постапува независно и со интегритет, без одлагање и без политички влијанија, и да ги истражи сите кои потфрлиле во својата должност да ги заштитат граѓаните.

Правдата не смее да биде медиумска претстава – таа мора да биде опиплива реалност за секој граѓанин.

Семејствата на жртвите и граѓаните на Северна Македонија заслужуваат вистински одговори и вистинска правда, а не празни меморандуми, лажни ветувања и дежурни виновници.

Време е за дејствување – сега. СТОП на селективната правда.

Back to top button
Close