ДУИ го осудува ослободувањето на осудените за нападот на 27 април

ДУИ ги осудува партиите избрани од ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за ослободувањето на осудените за нападот на 27 април 2017 година, кој имаше за цел да го спречи изборот на првиот Албанец за претседател на Собранието и притоа ги загрози животите на пратениците.

Ова срамно ослободување беше најавено со објавените фотографии на главниот извршител на нападот, Горан Ангелов – Ќосето, со замениците на Африм Гаши, Изет Меџити и Арбен Таравари.

Тоа е јасен доказ за улогата на ВЛЕН во поддршката на оние што го загрозуваат уставниот поредок и меѓуетничката хармонија.

„Честитки“, исто така, за прогласувањето за невин на полицаецот кој го понижи албанското знаме – уште еден јасен пример за потценувањето на симболиката и достоинството на Албанците од страна на влен.

По овие дејствија, сосема е природно влен да го прогласи и поранешниот заменик-претседател на Владата, Ангушев, за „Бизнисмен на годината,“ не затоа што е на црната листа, туку затоа што е ментор и колега на нивниот патрон во Владата.

ДУИ нема да молчи за овие дела кои ја поткопуваат правдата и ги нарушуваат правата на Албанците.

Им упатуваме повик на граѓаните да ги одбијат овие деструктивни политики кои го загрозуваат мирот и еднаквоста.

ДУИ – секогаш во одбрана на правдата, еднаквоста и народот!

Демократска Унија за интеграција

Back to top button
Close