ДУИ: Мицкоски сака враќање на државата пред 2001 година, Македонија без Албанци

Соопштение на ДУИ:

Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци. Тој дури отворено ги повикува сите Македонци да се обединат против Али Ахмети и ДУИ.

Мицковски на митингот во Кратово побара обединување на сите Македонци за Албанците да не добијат ниту еден пратеник во третата изборна зона.

Вокабуларот на Мицкоски не е само против Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, туку и против Охридскиот рамковен договор, барајќи конкретно враќање на државата пред 23 години.

ДУИ и Европскиот фронт изразуваат длабока загриженост за националистичкиот и антиевропскиот речник на ВРМО, кој чувствувајќи го поразот на 24 април и 8 мај, поттикнува меѓуетничка и антиевропска омраза во Северна Македонија.

Воедно, го потсетуваме Мицкоски дека Северна Македонија е веќе дел од НАТО со премиерот Талат Џафери, а претседател ќе биде најуспешниот шеф на дипломатијата досега, д-р Бујар Османи.

Ја повикуваме албанската опозиција да се вразуми и да не стане алатка на руската агенда што ја прокламира ВМРО и нивните гласноговорници.

Back to top button
Close