Двајца американски војници исчезнаа за време на вежби во Мароко

Двајца американски војници се водат како исчезнати за време на воени вежби во Мароко, соопшти Американската команда за Африка АФРИКОМ, пренесува Би-Би-Си.

Според информациите, војниците учествувале во заедничката вежба „Африкански лав 2026“, која претставува најголема годишна мултинационална воена вежба на африканскиот континент. Инцидентот е пријавен во саботата во близина на полигон за обука кај Кап Драа, недалеку од градот Тан-Тан.

Во потрагата по исчезнатите војници се вклучени копнени, воздушни и поморски сили на САД и Мароко, како и сили од други земји учеснички.

Вежбата „Африкански лав“ се одвива на повеќе локации, меѓу кои Гана, Сенегал и Тунис, и има за цел зајакнување на меѓународната воена соработка, одговор при кризи и подобрување на регионалната безбедност.

Во годинешното издание учествуваат околу 5.000 лица од повеќе од 40 земји, а вежбата трае од 27 април до 8 мај.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close