Двајца Данци на „радарот“ на Милан
Италијанскиот фудбалски гигант Милан покажува сериозен интерес за данските репрезентативни играчи од средниот ред Мортен Френдруп и Андреас Олсен.
Според весникот „Газета дело Спорт“, раководството на италијанскиот прволигаш ќе се обиде да ги донесе двајцата дански фудбалери во своите редови во јануарскиот преоден рок, доколку обезбедат средства со продажба на некои од нивните сегашни играчи.
Угледниот весник пренесува дека постојат големи шанси играчот од средниот ред Ноа Окафор или крилниот напаѓач Самуел Чуквуезе да се разделат со седумкратниот европски клупски шампион.
Белгискиот клуб Бриж, наводно, е подготвен да се раздели со Олсен доколку добие понуда вредна 20 милиони евра, додека Џенова за разделба со Френдруп ќе обесштетување од околу 15 милиони евра.