Двајца од киднапираните Американци во Мексико се пронајдени живи, а двајца се мртви


Двајца од четворицата американски граѓани киднапирани во Мексико се пронајдени живи, но останатите двајца се мртви, соопшти денеска мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Тој изјавил дека едниот од преживеаните е повреден, пренесува Еј-Би-Си Њуз.

Американските државјани во петокот со бело комбе со таблички од Северна Каролина преминале од Тексас во Матаморос, во североисточната мексиканска држава Тамаулипас, соопшти Американската амбасада во Мексико Сити.

„Набргу по преминувањето во Мексико, неидентификувани вооружени лица отворија оган врз патниците во возилото“, соопшти амбасадата, додавајќи дека „вооружените лица насилно ги ставиле четворица американски државјани во друго возило и побегнале со нив“.

Четворицата американски државјани се идентификувани како Зиндел Браун, Ерик Џејмс Вилијамс и роднините Латавија „Теј“ Мекги и Шаде Вудард.

Мајката на Латавија Мекги, Барбара Бурџис, изјави за Еј-Би-Си дека нејзината ќерка отпатувала од Јужна Каролина во Мексико за медицинска козметичка процедура.

Back to top button
Close