Двајца приведени поради обид за напад врз судии по фудбалски натпревар

 – Две лица биле приведени поради обид за напад врз судии по фудбалски натпревар во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Синоќа  во 17.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле  А.М.(45), помошен  тренер на ФК Гостивар и Ш.Т.(24), фотограф на ФК Гостивар, двајцата од Република Турција, со привремен престој во државата. По завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите ФК „Тиквеш“ од Кавадарци и ФК „Гостивар“ одигран на фудбалскиот стадион во Кавадарци,  тие на излез од теренот се обиделе физички да ги нападнат судиите. Подоцна, околу 18.00 часот на улица „Дисанска“ во Кавадарци биле приведени и Б.Б.(23) и К.Ш.(30), двајцата од Република Турција, со привремен престој во државата, вработени во управата на ФК Гостивар, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување кон полициските службеници, кои извршувале службени дејствија, појаснија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека по документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Back to top button
Close