Двајца ранети од пукањата во Србија се уште се во тешка состојба

Министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ за РТС изјави дека повеќето од повредените во двете масовни пукања во Србија значително закрепнуваат, но дека двајца пациенти се уште се во тешка состојба. Таа истакна дека никој од нив не сака медиумско внимание, поради што побара од медиумите да ги остават да закрепнат.

Поминаа 17 дена од масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, како и 18 дена од трагедијата во селата околу Младеновац и Смедерево.

Грујичиќ рече дека момчето повредено во пукотницата што се случи во училиштето и младиот човек ранет кај Младеновац се уште се во тешка состојба, јавува РТС.

Министерката изјави дека момчето покажува знаци на закрепнување, нагласувајќи дека никој од повредените не сака медиумско внимание и дека треба да закрепнат и да продолжат со животот.

Back to top button
Close