Двајца тинејџери се обвинети за убиство на 16-годишната трансродна девојка во Англија

Момче и девојче на возраст од 15 години, обвинети се за убисто на Бријана Геј, која е најдена мртва во саботата попладне во парк во општината Ворингтон на северозападот на Англија.

Двајцата тинејџери кои ја убиле девојката не се идентификувани затоа што се малолетни.

Како што пишуваат странските медиуми, граѓани се јавиле во итната служба околу 15 часот во саботата, откако телото на Бријана го забележале на патека во паркоте во селото Калчет. Жртвата имала фатални убодни рани. Полицијата иницијално рече дела нема докаќжи оти се работи за убиство од омраза, но подоцна е наведено дека се истражуваат сите опции, меѓу кои и злосторство од омраза.

Семејството на жртвата по шокантните вести во соопштение наведува дека Бријана била сакана ќерка и внука.

„Оставаше впечаток на секој што ќе ја запознаеше. Беше убава, паметна и духовите, силна, несопирлива и единствена – наведува нејзиното семејство.

Си-ен-ен наведува дека преку онлајн страница собрани се околу 90.000 фунти кои ќе бидат дадени на семејството за да ги покријат трошоците зѐа погребот.

Back to top button
Close