Двајца загинати и седуммина повредени во сообраќајка во Кисела Вода

Двајца возачи на возраст од 28 и 50 години, починаа во сообраќајната несреќа, што се случила синоќа околу 23.05 часот на крстосница од бул.„Србија“ и бул.„Борис Трајковски“. Се судриле пет возила.

Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(50) од Студеничани, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(28) од Скопје, патничко возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(30) од с.Студеничани, патничко возило „хјундаи аксент“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.А.(25) од с.Батинци, скопско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(39) од Скопје.

-Во незгодата, на местото починале возачите Р.А. и Х.С.. Со тешки телесни повреди се здобил малолетник во возилото „фолксваген пасат“, а со телесни повреди се здобиле сопатниците во истото возило Ф.А.(49), Н.А.(23) и две малолетни лица, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се здобиле и возачите О.А. и Е.Б., соопшти МВР.

По укажаната лекарска помош, О.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Увид на место извршила екипа на СВР Скопје.

Back to top button
Close