Ќе ја бојкотира ли и годинава градоначалничката свечената прослава на Скопје?

Град Скопје за првпат не ги објави добитниците на највисоката градска наградата „13 Ноември“ која се доделува по повод Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор, а ја врачува градоначалникот на градот.

Единствената информација што може да се најде е соопштението на Културно-информативниот центар (КИЦ) на нивната фејсбук страна во кое Центарот ја објавува програмата по повод свеченото доделување на наградите кое ќе биде вечерва во 19 часот во Националната опера и балет (НОБ).

Од САКАМДАКАЖАМ.МК се обратиле до прес-службата на Градот со прашање зошто годинава ниту се објавени добитниците на 13-Ноемвриската награда, ниту има каква било информација за одбележувањето на најголемито празник на градот, но досега не добивме одговор.

Градот годинава за првпат не покани медиуми ни на одбележувањето на Денот на пожарникарите.

Back to top button
Close