Ќе бара ли Радев и од Германија да заборават дека Бугарија била Наци колаборатор на Хитлер? Бугарија е во шок

Бугарските портали и медиуми деновиве јавуваат дека ЕУ до 2ри февруари ветила милијарди помош за да Бугарија се справи со сериозната финансиска криза, помош која е условена со прекин на небулозните и апсурдни барања за Македонската историја, јазик, но срамежливо се споменува и македонското малцинство во Бугарија.
Вчера Бугарите се соочија со новинарски аперкат, кој дојде токму од Германија, од највлијателниот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (ФАЦ), и кој беше пренесен од многу бугарски медиуми.
Германските пера ги симнаа „ракавиците“ и почнаа со сериозна журналистичка канонада, користејќи наслови , фрази и текстови кои не можеа да се прочитаат за време на ерата на Меркел.

Дел од нив:
– Софиско фалсификување на историјата
– Ако Скопје ги исполнеше барањата на Софија, тогаш навистина ќе ја фалсификуваше историјата
– Бугарија не го признава македонското малцинство, а Бугарските војници испраќаа македонски Евреи во Треблинка
– Софија дури игнорираше повеќе пресуди на Европскиот суд за човекови права за да се држи до фикцијата дека во земјата нема македонско малцинство

Дали бугарските медиуми ќе побараат сега од Радев да се обрати на новиот германски канцелар со барање да не споменува дека Бугарија играла сериозна роља во Втората светска војна, кога беше на страната на Нацистичка Германија и нејзината „оска на злото“?

Ќе бараат ли и тие да ги избришат своите документи и фотографии кои ја документираат улогата на нацистичка Бугарија?
И на крај, ќе побараат ли бугарските медиуми интелектуалци од Радев, да се обрати до Бундестагот со барања, за да се превоспитаат тамошните медиуми, како што тоа тој го бараше од бугарската комисија за историја – да ги превоспита и македонските медиуми?

Линк до извор: СЕГА.бг

Back to top button
Close