Ќе биде ли Сашо Клековски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ новиот директор на Фондот за здравство

Членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ кој до неодамна во медиумите се преставуваше за независен аналитичар, долгогодишниот директор на невладината МЦМС, Сашо Клековски, ќе биде новиот директор на најбогатиот фонд – Фондот за здравство.

Изворите на Либертас тврдат дека Мицкоски најверојатно касата на фондот ќе му ја довери на Клековски, сопственик на винарија,  претходно на пицерија, и редовен гостин во медиумите како политички аналитичар. Инаку Клековски има завршено медицински факултет но никогаш не работел како лекар.

Во ВМРО ДПМНЕ најверојатно дошол со амин на бизнисменот Кочо Анѓушев кој е колега и го дели професорскиот кабинет на машинскиот факултет на УКИМ со сеашниот премиер Христијан Мицкоски.

Back to top button
Close