Филипче: Младите нема да останат тука ако не направиме трансформација по примерот на развиените европски општества

Немаме друга иднина освен европска, не смееме да губиме време. Преспанскиот договор беше едниот чекор, а сега евроинтграциите мора да се вториот чекор. Добар дел од моите другари се иселени. Разговарав со многу млади специјализанти, луѓе коишто ја имаат на ум опцијата да се преселат, имајќи предвид дека Германија има огормен број болници кои се празни. Нема да останат младите тука кај нас, ако ние не направиме трансформација по примерот на европските општества. Тоа е моја желба, вели Венко Филипче, носител на ИЕ 4 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, во гостувањето на „Неформално“ на Сител Подкаст.

Се враќа во политиката со главен мотив – на младите да им се обезбедат можности за напредок и иднина како во напредните европски држави, порачува Филипче. Тоа е единствениот начин и идните лекари специјалисти својата иднина да ја гледаат дома, вели тој

Back to top button
Close