Светската награда на УНЕСКО за слобода на медиумите за палестинските новинари

Организацијата на Обединетите нации за образование, култура и наука (УНЕСКО) денеска ја додели својата Светска награда за слобода на медиумите на сите палестински новинари кои известуваат за војната во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу израелските сили и терористичката група Хамас на 7 октомври.

„Во овие времиња на темнина и безредие, сакаме да испратиме силна порака за солидарност и признание до палестинските новинари кои ја следат оваа криза во драматични околности“, рече Маурицио Вајбел, претседател на Меѓународното жири на медиумски професионалци.

Според него, човештвото им должи огромен долг на палестинските новинари за нивната храброст и посветеност на слободата на изразување.

 

Генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле, ја истакна „важноста на колективната мобилизација за новинарите, насекаде во светот, да можат да продолжат да ја вршат својата суштинска работа за информирање и истражување“.

Според Комитетот за заштита на новинарите (CPJ), организација со седиште во Њујорк, 97 новинари и медиумски работници, од кои 92 Палестинци, се убиени, а 16 се повредени од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври.

Back to top button
Close