Ќе се уредува населбата долж реката Пена во Тетово, најави градоначалникот Касами
Градоначалникот на Тетово Биљал Касами ја посети населбата која се наоѓа долж реката Пена после мостот на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ со цел да се запознае со проблемите со кои се соочуваат повеќе стотици жители. Касами рече дека веќе се регулира коритото на реката Пена и ќе се работи на подобрување на условите во ова маало.
Во таа насока, штотуку почнавме да работиме на регулирање на коритото на реката Пена, кое е блиску до овој локалитет. Поставивме и контејнери за жителите да не го фрлаат отпадот во реката. Им ветив на жителите дека наскоро ќе започнеме со асфалтирање на патот и поставување на јавно осветлување. Ваквите проблеми бараат итни решенија и ние сме тука со нашите можности како локална самоуправа да дадеме решенија.
-Комуналното претпријатие, односно приватниот оператор Саубермахер веќе расчисти дел од отпадот и веќе со локалните жители се договорија да редовно да доаѓаат и да го соберат сметот во овој дел на градот. Исто така, сакам да потенцирам дека општина Тетово имаше проект за уредување на урбанизација на овој дел од градот заедно со здруженија за заштита на Ромите, финансиран од УСАИД, но поради надворешната политика на Соединетите Држави ќе треба ние сами да се справиме со овој проблем, односно да бараме и други фондови национални или меѓународни, но има некои неопходни работи кои треба да се преземат по барање на жителите, Им ветив на жителите дека наскоро ќе започнеме со асфалтирање на патот и поставување на јавно осветлување, рече Касами.
Жителите му се пожалија дека нивното маало е место каде сè уште нема канализација.
– Потребна ни е канализација, да се постават коцки по улицата и сијалици. Имаме сега контејнери, ние ги донесоа и ќе се чисти депонијата. Ние имаме документи за приватизација за 33 куќи, изјави Даим Красниќи.
На новинарско прашање дали има можности да им се помогне на дел од жителите кои живеат во субстандарди услови и импровизирани живеалишта, Касами рече дека процедурите за урбанизација се многу комплицирани.
-Не предвидува законот некои полесни процедури за вакви ситуации каде стварно има потреба да имаме детален урбанистички план за да можеме понатаму да интервенираме дали со социјални станови или да најдеме други можности за финансирање за регулирање на проблемите на овие наши сограѓани. А јас, од сега ќе се обидам ако е потребно во соработка со министерството за транспорт, дури и да го повикам министерот да дојде на самото место да види да го имаме како приоритет донесувањето на деталниот урбанистички план за оваа населба, за да понатаму бараме решение за изградба и на социјални станови, согласно детален урбанистички план се регулира и патната инфраструктура и канализација и вода, рече Касами.