ЕБР интервенира на Боемска по обидот да се избришат снимките на кои се гледа Мицкоски во кафеаната

Екипи на Единица за брзо распоредување интервенираа во ресторанот каде беше затекнат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. “А1он” дознава дека тие интервенираат бидејќи се бришеле снимки од надзорни камери на кои се гледа дека угостителскиот објект работел, а внатре бил Мицкоски.

Пред ресторанот освен екипи на ЕБР и натаму се присутни и инспекторите на Пазарниот инспекторат, како и началникот на СВР Скопје, Ристе Ставревски.

Претходно, инспектори на Пазарниот инспекторат беа спречени да извршат надзор во затворениот дел на угостителскиот објект “Винарија” на Боемска улица, по што, два ипол часа останале пред објектот.

Додека инсистирале да направат увид, затекнале како политичар излегува од објектот. Ова за “А1он” го потврди инспекторката Мери Продановска, која кажа дека станува збор за лидер на политичка партија. “А1он” веќе објави дека станува збор за Христијан Мицкоски.

Според извори на Либертас, ЕБР наводно на припомош го викнале и директорот на БЈБ, Сашо Тасевски бидејќи не можеле да спречат бришење на снимките од видео надзорот. Нашите извори тврдат дека во кафеаната присутен бил и Ален Зекиров од „Тигрите“ кој наводно бил на страната на оние кои пробувале да ги избришат снимките.

 

ВИДЕО: Драма на Боемска, Мицкоски бил во кафеаната каде келнерите не ги пуштале инспекторите да извршат увид?!

(ВИДЕО) Продановска: Инспекторите беа спречени да извршат контрола, по 2 и пол часа од кафеаната излезе лидер на политичка партија

ДОПОЛНЕТО:

ВИДЕО: Напнато вечерва на „Боемска“ – се чека судско решение за одземање на хард диск од снимачот на безбедносните камери од кафеаната во која бил Мицкоски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close